Проектот на УСАИД за регионален економски развој ги поддржа водечките балкански прехранбени компании во истражување нови можности на пазарот, со овозможување на трговската мисија со посетата на Гулфуд саемот во Дубаи. Трговската мисија и посета на пазарот се реализираше со учество на Гулфуд саемот на Блискиот Исток од 26-ти февруари до 2-ри март 2017 година. Преку оваа посета за зајакнување на трговските врски на пазарот, компаниите имаат можност подобро да ги разберат трендовите, како и да воспостават врски со потенцијални партнери. Групата која учествуваше од Балканот вклучуваше две компании од растечката македонска прехранбена индустрија.
Проектот на УСАИД за регионален економски развој соработуваше со експерти од Дубаи со цел да се идентификуваат потенцијални потрошувачи и да се олесни посетата на трговската мисија на Гулфуд саемот од 26-ти февруари до 2-ри март 2017 година. Проектот, исто така, организираше Б2Б средби и со потенцијални потрошувачи од големите агро/прехранбени увозници и трговци на мало.
По првичните договори за извоз на преработен зеленчук во вредност над 100.000 долари кои беа договорени на минатогодишниот саем, две македонски компании АграрКо од Кочани и Рудине од Делчево, повторно учествуваа во трговската мисија надевајќи се да развијат нови партнерства.
Преку обука, стратешки сесии и настани, како што е Гулфуд брифинг појадокот, компаниите што присуствуваа на истиот имаа можност подобро да се запознаат и да ги разберат можностите коишто ги нуди пазарот на храна и пијалоци на ОАЕ, потребните стандарди и сертификација, како и улогата на органите во рамките на Стопанската комора на Дубаи.
Дополнително, учесниците се сретнаа со компании со кои имаат слични бизнис интереси, како и со трговски компании, со цел да научат како да го развијат нивниот бренд на пазарот на Блискиот Исток и Африканскиот регион.
Во текот на трговската мисија, компаниите посетија и неколку водечки синџири на супермаркети (Carrefour, Waitrose, Spinneys) во ОАЕ и ги анализираа категориите на производите, конкуренцијата, пакувањето, производните миксови и позиционирањето на полици.
Компаниите заклучија дека имаат можност да постигнат поголем успех во пробивањето на пазарот на Блискиот Исток доколку почнат да учествуваат на трговските саеми како изложувачи.
Сепак, периодот за добивање на штанд на овој саем може да достигне и три години, со оглед на тоа што има околу 500-600 компании на листата на чекање. Но, откако проектот на УСАИД за регионален економски развој ги координираше средбите со менаџментот на трговскиот саем, менаџментот се согласи да обезбеди балкански штанд за следниот Гулфуд трговски саем.
Преку трговската мисија, учесниците се запознаа со условите за извоз во Обединетите Арапски Емирати, Блискиот Исток и Африка и како да се направи бизнис во ОАЕ. Тие се сретнаа со клучните играчи на пазарот, ги набљудуваа каналите на пазарот и разработува стратегија за влез на пазарот. Преку овие средби и разговори со увозниците и дистрибутерите од ОАЕ, тие стекнаа нови можности за продажба.
Проектот на УСАИД за регионален економски развој ќе ја продолжи комуникацијата со остварените контакти на пазарот, како и со земјите учеснички од Балканот и останатите засегнати страни. Очекуваниот резултат е да се зголеми извозот, а со тоа и економскиот раст .
Проектот на УСАИД за регионален економски развој е наменет за промоција на широк, инклузивен и одржлив економски развој во Евроазискиот и Европскиот регион преку поголема интрарегионална економска интеграција и усогласување на регионалните и другите пазари. Во фокусот на проектните активности е подобрувањето на конкурентоста и зголемувањето на стабилноста на финансискиот сектор, преку промовирање на економската интеграција и изградба на стабилни економски врски во регионот. Проектот има за цел да обезбеди ефикасна платформа за висококвалитетни обуки, водени од побарувачката и да воведе најдобри меѓународни практики за развој на способностите на приватниот сектор и управување и регулирање со финансискиот сектор.