Усје ланската година ја заврши со добивка од една милијарда денари

36

Цементарница Усје минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.058.394.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – декември 2017 година, компанијата прикажа добивка од 1.093.372.000 денари.

Заклучно со 31-ви декември 2018 година, вкупните приходи достигнаа ниво од 4.422.409.000 денари. На домашен пазар отпаѓа поголем дел од 2.909.353.000 денари, додека 1.513.056.000 денари се остварени на странски пазар.