Успешна финансиска година на Групацијата Kuehne + Nagel

96

KUEHNE-NAGEL

Групацијата Kuehne + Nagel во 2014 година на глобално ниво континуирано ги подобруваше резултатите во сите бизнис оддели.

Приходите се 21,291 милиони швајцарски франци или 1,9% повисоки од претходната година. Бруто добивката се зголеми за 0,5% и е на ниво од 6,288 милиони швајцарски франци.

“Во непостојана економска средина – со флуктуирачки валути, можевме истовремено да го прошириме нашиот удел на пазарот и да ги зголемиме резултати во 2014 година. Пресврт имаше во деловната единица за патен транспорт, која направи важен придонес за подобрување на профитабилноста, за првпат профитот беше евидентиран во текот на четири последователни квартали. Исто така, би сакал да ги истакнам постојано одличните перформанси во авионскиот транспорт и понатамошното подобрување на резултатите во договорната логистика. Во бродскиот транспорт се зголеми обемот и се одржа стабилен на маргините, и покрај високата нестабилност и негативни влијанија на валута. Со комбинирање на нашите индустриски способности, иновативната моќ и ефективно управување со трошоците, ја зајакнавме нашата позиција на пазарот, а во исто време генериравме додадени вредности за нашите клиенти”, изјави извршниот директор Детлеф Трефзгер.

Со повеќе од 63.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги.