Уживајте во сопствен стан во Маврово преку целата година

64

2

Во еден од најубавите предели во Македонија, во Националниот парк Маврово е сместен Станбениот Комплекс Маврово, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар. Маврово е една од најдобрите дестинации во Македонија која нуди сѐ што ни е потребно кога сакаме совршен планински одмор: бујна шумска вегетација, планини, сино езеро, чист воздух на надморска височина од 1.300 метри.

Побрзајте и искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по неверојатно ниски цени и имајте ваш личен простор каде ќе го поминувате секој викенд, празник, или пак било кој ден од годината кога и да посакате.

Станбениот комплекс се протега на површина од околу 6.000 метри квадратни, со голем паркинг простор околу самиот објект, како и посебен дел наменет за станарите да ја остават својата спортска опрема и притоа да бидат сигурни дека ќе биде безбедна. Во склоп на комплексот, обезбедено е место за приготвување на скара и организирање на пикник, семејни и пријателски собири.

1

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 м2 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина:

  • Стан Тип Б – од 32,5 м2 + 2,9 м2 тераса на приземје, со поглед кон планина.
  • Стан Тип Б – од 32,5 м2 + 2,9 м2 тераса на 1 кат со прекрасен поглед кон синилото на езерото.
  • Стан Тип А – од 47,1 м2 + 2,9 м2 тераса на 4 кат (поткровје), со поглед кон зеленилото на шумата.
  • Стан Тип А – од 47,1 м2 + 2,9 м2 тераса на 4 кат (поткровје) со поглед кон Мавровско езеро.
  • Стан Тип Ѓ – од 50,5 м2 + 5,8 м2 тераса на 2 кат, со прекрасен поглед кон шумата.
  • Стан Тип Ѓ – од 50,5 м2 + 5,8 м2 тераса на 4 кат (поткровје) со поглед кон Мавровското езеро.

Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

3

„Сопствен стан во Маврово отвора нови можности во досега познатиот концепт на домувањето. Имате дом во совршена природна средина, дом во еколошки чиста околина, а сепак блиску до урбаните центри. Сите ги знаеме можностите на Маврово за зимскиот и летниот туризам, за алтернативни спортови и наместо да се плаќа за хотел или за изнајмување на викендица, на овој начин секој може да има свој рај, надвор од градскиот метеж во текот на целата година”, изјави Александар Смилковски, член на управниот одбор на Пелагонија Гостивар.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk, Фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.