Вабтек МЗТ прокнижи загуба од 1.244.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првите девет месеци од 2014 година, компанијата прикажа загуба од 5.148.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 година достигнаа 818.947.000 денари, од кои 6.525.000 денари се остварени на домашен пазар, додека поголемиот дел од 812.422.000 денари е остварен во странство.