Вечерњи лист: Хрватска ќе ги дава автопатите под концесија на 50 години?

42

LuckoХрватската влада ќе ги даде автопатиштата под концесија на 50 години и за тоа ќе добие три милијарди евра, пишува Вечерњи лист. Тоа е предлогот што го изработиле консултантите за Владата за моделите на монетизација на веќе изградените автопати со кои сега управуваат Хрватски автопатишта и Автопат Риека – Загреб. Како што дознава весникот од упатени во содржината на консултантската анализа, првобитната замисла автопатите да се дадат под концесија од 30 години не е веројатна, затоа што потенцијалните инвеститори, најнапред пензиските фондови, не се заинтересирани за концесиски период под 40 години.

Потенцијални инвеститори се осигурителните компании, инфраструктурни фондови, банки и пензиски фондови. Од 60 потенцијални концесионери на кои консултантите им испратиле предлог, 29 покажале заинтересираност. Идниот концесионер веројатно ќе биде конзорциум, а Владата конечна одлука за прифаќање на предложениот модел ќе донесе за две до три недели, пишува Вечерњи лист.