Вегански еко – сладолед од Ikea

50

Шведскиот производител на мебел и додатоци за домот, Ikea, месецов започна со продажба на вегански еко – сладолед, во менито на своите продавници во Европа. Сладоледот е со вкус на јагода и според компанијата, има значително помало влијание врз животната средина од традиционалниот млечен сладолед.

Слаткото задоволство моментално e еден од најбараните производи во Ikea Bistro, пишува Energy live.

Креирањето на растителен, еколошки производ доаѓа по успешното претставување на вегетаријанскиот хот дог на брендот.

Според Сара Линд, комерцијален менаџер на Ikea Food Services, сладоледот е одлична, евтина и вкусна алтернатива за сите оние кои не сакаат или не можат да консумираат млечни сладоледи.

Ikea планира да го прошири своето портфолио на вегански сладоледи во иднина со многу повеќе вкусови коишто би се правеле од овес или соја.

Фото: Ikea