Велес Табак прикажа загуба од 8,8 милиони денари во 2015 година

85

denari-123

Акционерското друштво Велес Табак од Велес 2015 година ја заврши остварувајќи вкупна сеопфатна загуба од 8.817.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата прикажа загуба од 2.747.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Велес Табак лани достигнаа 1.089.000 денари, додека една година претходно имаа салдо од 1.485.000 денари.

Основна дејност на Велес Табак е откуп, преработка, ферментација и продажба на тутун.