Велика Британија даде зелено светло за респираторот од БиХ

34

Британскиот центар за тестирање и евалуација на медицински уреди (MD-TEС) го заврши тестирањето на прототипот на механичкиот вентилатор за интензивна нега, што неодамна го направи компанија од Босна и Херцеговина.

MD-TEC, како што пренесува Haber.ba, направи детален извештај за функционалноста и употребливоста на респираторот, па сега компанијата од БиХ ќе работи на модифицираниот прототип.

Во март оваа година, како одговорот на властите во Велика Британија на пандемијата и зголемената потреба за вентилатор и слични медицински уреди, MD-TEC стана центар за тестирање на земјата. До денес, центарот тестирал прототипови на медицински уреди што ги развивале компании од целиот свет.

Фото: Freepik