Велика Британија ја одобри вакцината на Pfizer и BioNTech

57

Велика Британија ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите Pfizer и BioNTech и најави можат тие да можат да се користат од почетокот на следната недела.

Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95% заштита од Kовид-19, е безбедна за употреба.

Имунизацијата би можела да почне за неколку дена и вакцината прво ќе ја примат високоприоритетните групи, во кои спаѓаат жителите на старечки домови, луѓето над 80 години и здравствените лица.

Велика Британија има нарачано 40 милиони дози од оваа вакцина, што е доволно да се вакцинираат 20 милиони луѓе, бидејќи е потребно секој да прими по две дози. Првите дози ќе пристигнат во земјата во наредните неколку дена.

Фото: Freepik