Велосипеди ќе произведуваат струја во музеј во Шведска

38

Данското архитектонско студио, COBE претстави концепт на научен музеј што ќе биде поставен во Шведска. Она што е невообичаено за него е начинот на напојување со енергија. Музејот, покрај користење на сончеви панели, ќе се напојува со енергија и преку возење на велосипеди. Посетителите ќе бидат поканети да помогнат при генерирање на електрична енергија за музејот којшто, исто така, нема да емитува штетни гасови.

Велосипедите наменети за оваа цел ќе се наоѓаат на покривот од објектот. Музејот примарно ќе биде изграден од префабрикувано дрво, пишува Inhabitat.

Ќе зафаќа површина од 3.500 метри квадратни, а ќе биде на два ката. Во својот состав ќе содржи галерија, сали за изложби, рецепција, работилници… Самиот конкавен покрив ќе биде со површина од 1.600 метри квадратни, доволно простор и за панели и за велосипеди што ќе произведуваат доволно енергија. Во средината ќе има голем атриум (отворен дел, двор) којшто ќе ги апсорбира јаглерод диоксидот и ќе служи како резервоар за вода. Вишокот на топлина ќе се користи за загревање на музејот.

Фото: COBE