Вертикална шума ќе “никне“ во Тирана

245

Фото: Stefanoboeriarchitetti.net

Италијанскиот дизајнер Стефано Боери дизајнираше вертикална шума, што ќе треба да “никне“ во албанската престолнина, пишува Dezeen.

Оваа кула, што треба да биде изградена во Тирана, ќе има шарени и миризливи цвеќиња и растенија. Кулата, што ќе го носи името Tirana vertical forest, ќе има стаклена фасада, а ќе има за цел да ја зголеми зелената површина во урбана средина и да го подобри квалитетот на воздухот.

Меѓу растенијата што ќе бидат засадени на кулата, а се карактеристични за Медитеранот, е рузмаринот.