Вестите од Блискиот Исток ги охрабрија европските инвеститори

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во понеделник наутро, како и на азиските пазари, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од вестите за напредок во преговорите меѓу САД и Иран.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,7 проценти во 9:30 часот наутро.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 46,9 евра за мегават-час.

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 1,09 проценти на 25.210,92 поени, францускиот CAC 40 за 1,28 проценти на 8.218,63 поени, московскиот MOEX за 0,01 процент на 2.625,87 поени.

Лондонската берза е затворена денес поради празник.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,16340 долари.

Азиските берзи исто така пораснаа

Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот на акции MSCI Азиско-пацифичкиот регион порасна за околу 1 процент во 9:30 часот наутро.

Во исто време, цените на акциите во Австралија, Шангај, Индија и Јапонија пораснаа помеѓу 0,4 и 2,9 проценти. Во Хонг Конг и Јужна Кореја денес нема работа поради празникот, а нема да има работа ниту на Волстрит.

Јапонскиот индекс Nikkei утрово за прв пат во историјата надмина ниво од 65.000 поени, а другите азиски берзи исто така пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораките за напредокот во преговорите меѓу САД и Иран за прекин на војната.