Vibram ќе ги рефундира парите на оние кои купиле патики со пет прсти?

150

Vib

Патиките со пет прсти, или познати како Five finger, на компанијата Vibram не ги намалуваат повредите на нозете и не ги зајакнуваат мускулите.

Ова го тврди една Американка, која ја тужи компанијата Vibram, бидејќи ниту едно научно или било какво друго истражување не покажало дека овие патики ги намалуваат повредите, а тоа, како што уверува, го почувствувала на сопствена кожа.

vibram

Поради оваа тужба, Vibram се согласи да одвои 3,75 милиони долари за рефундација на парите на сите оние потрошувачи од кои од 21-ви март 2009-та година ги купиле овие специфични патики, чија поединечна цена е до 94 долари, пишува Washington Post.

Судските документи, пак, покажуваат дека Vibram технички и не признава дека направила “некаква грешка или пак треба да преземе одговорност за нешто“.

vibramfivefingers_9

За разлика од овој случај, компанијата Skechers во 2012-та година се согласи да плати неверојатни 40 милиони долари за рефундација од 60 до 100 долари на сите оние потрошувачи кои ги купиле нивните Shape-up патики, за кои тврдеа дека со нив може да се слабее.

Исто така, и Reebok се согласи да плати 25 милиони долари поради обвинение од Федералната трговска комисија поради погрешно информирање на луѓето за бенефитите од нивните чевли.

Инаку, Five Fingers е познат производ на компанијата Vibram, а е резултат на изумот на Роберт Флири од 1999-та година. Овие необични патики на пазарот за прв пат се пуштени во продажба шест години подоцна.

Vibram-Fivefingers-Bikila-darkgrey-black-Mens-01

Целта на овие патики е да ги користат спортисти, пред сѐ оние кои управуваат со едрилици, каде што е потребна посебна контрола на стапалата. На тој начин, носејќи ги овие патики, се намалува можноста од лизгање.