Видео: 25 години од првиот удар на берзанското ѕвоно

29

На 28 март 1996 година започна со работа Македонската берза АД Скопје. Со ударот на берзанското ѕвоно од страна на првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров, се означи почетокот на првиот ден на тргување на првата берза на овие простори.

Од овој датум во Македонија добивме организиран пазар каде најпрвин физички, а потоа и електронски, во точно определено време и според точно определени правила се тргува со различни финансиски инструменти, пред се со акции и обврзници.

“Оваа година се одбележува 25 години од почетоците на Македонска берза, период во кој изградивме ефикасен, сигурен и транспарентен пазар на хартии од вредност којшто прерасна во значаен чинител и интегрален дел на нашиот финансиски систем. Воедно, Македонска берза и покрај нејзината објективно мала големина, се стекна со висок рејтинг во поширокиот регион и иницираше и учествуваше во многу проекти со цел поголема регионална интеграција на пазарите на капитал. Одбележувајќи го нашиот 25-годишен јубилеј, сметаме дека слободно можеме да кажеме дека изминативе години сме ја споиле напорната работа и успехот како крајна цел. Затоа што успехот не се раѓа сам – тој се создава“, велат од Македонска берза.

Фото: Facebook