Видео: На дното на Атлантскиот океан изграден првиот подводен кружен тек

280

По три години изградба, Фарски Острови се подготвени да отворат мрежа подморски тунели, која вклучува и кружен тек. Тие ги поврзуваат островите Стрејмој и Ејстурој во мрежа чија вкупна должина изнесува 11 километри.

Атрактивната подморска сообраќајница ќе им донесе олеснување на жителите на Фарски Острови, бидејќи ќе го скрати патувањето од главниот град Торсхавн до Рунавик од еден час и 14 минути на само 16 минути.

Тест возење е закажано за 17 декември, пред официјалното отворање два дена подоцна. За користењето на подморските тунели ќе се плаќа патарина 10 евра.

Фарски Острови се состојат од 18 островчиња во Северен Атлантик, сместени на половина пат меѓу Исланд и Норвешка, но имаат статус на автономен регион на Данска.

Фото: Printscreen Youtube