Виртуелни дадилки – нов тренд меѓу оние кои работат од дома

43

Работата од дома стана секојдневие за милиони луѓе ширум светот, а поради пандемијата многу родители наоѓаат начин како да ги менаџираат приватниот и професионалниот живот во една иста соба.

Поради пандемијата, дадилките не доаѓаат дома, туку ги надгледуваат децата преку Zoom или FaceTime, додека нивните родители имаат онлајн состаноци со колегите, сакаат да се одморат или да завршат некоја работа во домот, пишува Washington Post.

Компаниите кои изнајмуваат дадилки за семејства во САД, во последните неколку месеци обучуваат дел од своите вработени за ваков вид на виртуелна грижа за децата.

Обврска на дадилката е да обезбеди видео врска и да го следи детето во домот во времетраење од 45 минути до еден час. За тоа време има обврска да си игра, да го подучува детето или да прават некои заеднички активности.

Доколку родителите се одлучат за виртуелна дадилка, тоа би ги чинело околу 50 долари за еден час.

Фото: Pixabay