Visa на удар на австралискиот регулатор

21

VisaАвстралискиот регулатор за заштита на пазарна конкуренција ја тужеше компанијата Visa поради наводна злоупотреба на доминантната позиција на пазарот. Visa е обвинета дека на потрошувачите им оневозможила при трансакциите да користат валути по сопствен избор.

Регулаторот наведува и дека Visa не им дозволувала на трговците во конверзијата на валути да ги користат услугите на конкурентските компании.

Поради ваквата пракса на Visa, посетителите на Австралија не можат сами да го изберат сервисот за пружање услуги за замена на валута при вадење на пари од банкомат.

“Конкретно, ускратена им е можноста да се информираат за трошоците при трансакции во сопствената валута во време на нејзиното извршување”, вели претседателот на Комисијата за заштита на пазарната конкуренција и потрошувачи, Род Симс.