Вкупен број на добиток во текот на 2015 година

22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, вкупниот број на говеда е зголемен за 4,9%.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4,8%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е зголемен за 7%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2015 година, во споредба со 2014 година, е зголемен за 52,9%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 7,6%.

Намалување на бројот на овците е забележано во двата сектора – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0,7%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 5,8%. Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 8,1%, а кај деловните субјекти е зголемен за 18,1%.

Бројот на живината во 2015 година, во споредба со претходната година, е намален за 9,2%.