Вкупна потрошувачка по енергенти во јуни

15

dalekovod-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во јуни оваа година, изнесува: 497.369 МWh електрична енергија, 3.578 мил. нм3 природен гас, 418.051 тони јаглен и 86.716 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 68,1% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,9% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.