Вкупна потрошувачка по видови енергенти во август

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 586.578 МWh електрична енергија, 2.074 мил. nm3 природен гас, 449.298 тони јаглен и 91.098 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 62,86% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,73% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.