Влажни коловози низ Македонија

43

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози.

На регионалниот пат Р-602 месноста Три Води-Рич, паднат е мостот и моментално сообраќајот е во прекин.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.