Во 2013 година Македонија ја посетиле 33.679 туристи

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33.679, а бројот на ноќевањата изнесува 69.024.
Бројот на туристите во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е зголемен за 7,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,1%. Бројот на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, е намален за 8,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26%.
Во периодот јануари – декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5,8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3,3%, а кај странските има зголемување за 13,8%.
Во периодот јануари – декември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 0,3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4,8%, а кај странските има зголемување за 8,6%.