Во Австрија од денеска целосен карантин, се затвораат и училиштата

38

Во Австрија од денеска се на сила нови построги мерки кои ќе бидат на сила до шести декември.

Новите мерки за целосен карантин, направени по пример на оние што беа во сила изминатата пролет, а целта им е драстично намалување на контактите. Покрај угостителските и хотелските капацитети, затворени се и продавниците, освен за храна, аптеки, банки, пошти, бензински пумпи.

Ограничувањата во движењето се проширени на целиот ден, така што граѓаните ќе можат да излезат од дома само ако треба да ги купат најважните производи, да помогнат на некој друг, да одат на работа или да се прошетаат.

Исто така, основните и средните училишта ќе одржуваат настава на далечина.
Фото: Pixabay