Во Германија ќе се воведуваат даночни олеснувања за лицата кои работат од дома

32

Владата на канцеларката Ангела Меркел најави дека планира да предложи даночно олеснување за луѓето кои работат од дома за време на пандемијата, за да им се надоместат повисоките трошоци за сметки за греење, електрична енергија и другите сметки, пренесоа француските медиуми.

Коалицијата на Меркел соопшти дека се согласува со предлогот што на вработените кои работат од дома им овозможува да ја намалат годишната даночна сметка за пет евра дневно, до максимум 600 евра годишно.

Министерот за финансии, Олаф Шолц, изјави дека предложениот предлог закон, што се очекува да биде одобрен од парламентот во декември, е добар за работниците и не претставува голем фискален предизвик за германската држава.

Даночното законодавство во Германија предвидува вработените кои работат од дома вообичаено да имаат право на попусти само доколку една просторија од станот/куќата се користи исклучиво како канцеларија. Но, со милиони работници кои канцелариската работа ја изведуваат од дневната соба и кујнските маси за да го намалат ризикот од пренесување на Ковид19, се зголемија и барањата за олеснување на правилата.

Институтот IFO проценува дека околу 56 % од германските вработени би можеле да работат привремено од дома.

Фото: Freepik