Во Грција полициски час до 7 јануари, рестораните и кафулињата остануваат затворени

169

Грчките власти објавија дека книжарниците и фризерските салони ќе бидат отворени од понеделник, а другите продавници, забавни центри, ресторани, барови и кафулиња ќе останат затворени за време на Божик како дел од второто затворање на земјата поради коронавирусот.

Владиниот портпарол Стелиос Пецас изјави дека и покрај петнеделните рестриктивни мерки, стапката на инфекција е сè уште висока поради што е оптоварен здравствениот систем.

Пецас исто така рече дека полицискиот час, кој во моментот е во сила од 21 часот навечер до 5 часот наутро, ќе се скрати за еден час од недела вечер, кога ќе почне во 22 часот. Полицискиот час ќе трае до седми јануари.

Тој додаде дека властите немаат намера да го променат тоа за време на новогодишните или божикните празници.

Црквите ќе може да бидат отворени за верниците единствено на самиот ден на Божик, на 25 декември и на Богојавление, кое Грците го слават на шести јануари.

Во Грција се регистрирани над 121.000 заразени и 3.370 смртни случаи.

Фото: Pixabay