Во Италија од почетокот на годината 69% помалку туристи

36

Од март до септемри оваа година, посетата на италијанските хотели е двојно помала во однос на истиот период во 2019 година, покажуваат официјалните податоци на Италијанскиот институт за статистика.

Во првите три квартали од 2020 година, Италија регистрира за 69% помалку туристи од минатата година, кога земјата ја посетиле 190 милиони гости.

Забележан е и пад на домашните патувања, а посебно оние поврзани со работа и тоа за 59% помалку во однос на 2019 година.

Италија е меѓу европските земји што беше најсилно погодена од пандемијата. Со околу 60 милиони жители, има над два милиони заразени и повеќе од 72.000 смртни случаи.

Фото: Freepik