Во јануари Zoom вредеше 19 милијарди долари, а колку вреди денес?

165

Апликацијата за видео конференции, Zoom, којашто бележи зголемена побарувачка за време на пандемијата на коронавирусот, сега вреди повеќе од ExxonMobil, една од најголемите светски компании за нафта.

Вчера Zoom имаше пазарна вредност од 139 милијарди долари, додека ExxonMobil вредеше 138,9 милијарди долари. Тоа претставува голем успех, бидејќи компанијата којашто ја основаше Ерик Јуан, годинава ја започна со пазарна капитализација од 19 милијарди долари.

Во изминатите три месеци Ерик Јуан го дуплираше своето богатство. Откако се појави на Forbes листата на најбогати луѓе во Америка, неговата нето вредност двојно се зголеми и од 11 милијарди порасна на 21,3 милијарди долари.

Фото: Facebook