Во контејнери за свежа туна ќе се превезуваат вакцини за Ковид-19

117

Дистрибуирањето на вакцините за Ковид-19 е едно од најголемите логистички предизвици во модерната историја: Како милиони дози вакцина за Ковид-19, кои мора да се чуваат на многу ниски температури, брзо ќе се транспортираат преку континентите и океаните?

Компанијата Thermo King којашто пред Втората светска војна направи револуција во транспорт на храна преку напредок во бродски превоз со контролирана температура – соработува со фармацевтските компании, влади и логистички фирми за да се осигури безбедноста на вакцините додека патуваат во клиниките и болниците. За да се случи тоа, тие ги преработија контејнерите кои обично се користат за транспорт на свежа туна во Јапонија, за што се потребни слични ладни услови.

“Го зедовме тој производ и го модифициравме“, изјави за CNN, Франческо Инкалза, претседател на Thermo King.

Туната мора да се чува на -60 степени Целзиусови за да ја задржи својата квалитетна и темно црвена нијанса кога ќе дојде во супермаркетите и рестораните. Вакцината против коронавирусот развиена од Pfizer и BioNTech мора да се чува на -70 степени Целзиусови.

Така, Thermo King, дел од компанијата Trane Technologies, со седиште во Ирска, направи некои измени, додавајќи дополнителна изолација и прилагодувајќи го системот за ладење за да може да биде уште поладно. Сега, секој контејнер долг 20 стапки може да носи 300.000 дози од вакцината на  Pfizer – првата одобрена за употреба во западните земји по ригорозно тестирање.

Инкалза рече дека за ваква иновација обично се потребни години за да се развие.

Фото: Facebook