Во Њујорк со часови чекале да влезат во првото кафуле за мачки

31

Во Њујорк е отворено првото кафуле за мачки, кое иако работи само за викенди, оствари голем успех. Кафулето во Менхетен минатиот викенд беше домаќин на 21 мачка за посвојување, а посетителите кои дошле да си изберат маченце, имале можност да се напијат и кафе. Кога се затвориле вратите во неделата, за викендот имале илјадници посетители и повеќето од мачките биле посвоени.

Кафулето за мачки е спонзорирано од Purina ONE, за да ја зголеми свесноста за здравјето на мачките. Ветеринарите кои биле присутни, одговарале на прашањата на сопствениците и помагале при посвојувањето на мачињата.

„За прв пат се обидовме да го овозможиме ова искуство во Северна Америка и бевме сигурни дека овој настан ќе предизвика заинтересираност. Но, не очекувавме толкава посетеност“, вели Ники Робертс од Purina ONE, пишува Business Insider.

Настанот предизвикал голема гужва и луѓето морале да чекаат по повеќе часови во долгите редови, само за да поминат половина час со мачињата.

Погледнете како изгледало сето тоа.

1

2

3

4

5

6

7

9

10

11

12

13

14

15

16

nyc-cat-cafe