Во општина Илинден нова инвестиција на компанијата Белина

61

Во економската зона Марино – Кадино беше пуштен во употреба новиот стопански објект, инвестиција на компанијата Белина вредна 600.000 евра. Објектот, во кој ќе бидат вработени 18 лица, располага со магацински и деловен простор на површина од 4.000 метри квадратни.

Компанијата Белина, која се занимава со трговија на големо со алати, земјоделска механизација, железарија, авто козметика, бои, лакови и фасади го одбележа и 20-годишниот јубилеј од своето постоење.