Градови со најдобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот

230

Расте бројот на луѓе кои работат надвор од класичните канцеларии и не се веќе “робови“ на стандардното работно време од девет до пет.

Софтверската компанија Kisi направи листа од 10 градови во светот, каде што најдобро се прави баланс меѓу приватниот и професионалниот живот:

Хелсинки (Финска)

Минхен (Германија)

Осло (Норвешка)

Хамбург (Германија)

Стокхолм (Шведска)

Берлин (Германија)

Цирих (Швајцарија)

Барселона (Шпанија)

Париз (Франција)

Ванкувер (Канада)

Целта на истражувањето на Kisi е да се илустрира колку технолошките иновации и напредокот треба да ни помогне да работиме попаметно, а не понапорно.

Од друга страна, во овие градови вработените скоро и да немаат време за себе од премногу работа:

Токио (Јапонија)

Сингапур (Сингапур)

Вашингтон (САД)

Куала Лумпур (Малезија)

Хјустон (САД).

Фото: Pixabay