Во Пула се гради луксузна јахта од 200 милиони евра

52

discovery-heli

Бродоградилиштето Уљаник во Пула за австралиската компанија специјализирана за луксузни крстарења Scenic, гради луксузна јахта долга 165 метри со којашто ќе се патува на Северен и Јужен пол.

Јахтата Scenic Eclipse со својот дизајн и целата понуда претставува единствена туристичка понуда, пишува 24 sata.

eclipse-pool

Австралиската компанија го рекламира бродот како прва светска истражувачка јахта со шест ѕвезди. На неа ќе има два хеликоптера и подморница. Бројот на патници е ограничен на 228, а предвидено е да има 170 членови на екипаж. Ќе има 114 кабини коишто нема да бидат помали од 32 метри квадратни и пентхаус од 233 квадрати со две спални соби. Во неа ќе има ресторани, барови, џакузи и кино со 240 седишта.

suite-ownerScenic Eclipse има и стабилизатори коишто спречуваат тресење при разни временски неприлики на море. Хеликоптерот ќе служи да се пренесат туристите на копно, а подморницата наменета за седум лица ќе им овозможи на патниците да уживаат во подводниот свет.

eclipse-theatre2

Неофицијално како што пренесуваат хрватските медиуми, цената на патување со оваа јахта ќе изнесува 150.000 долари по лице, а цената на градење изнесува околу 200 милиони евра.

Фото: Scenic.com.au