Home Бизнис едукација Како да... Во што е тајната на продуктивноста

Во што е тајната на продуктивноста

Во што е тајната на продуктивноста

Секој од нас си поставува цел во работата што сака да ја постигне, но додека дојдеме до крајната цел може да останеме и без последниот атом енергија. На патот да се исполни амбицијата луѓето понекогаш се соочуваат со недостиг на идеи, но многу почесто со намалена продуктивност.

Некои истражувања покажуваат дека мозокот стравува од големи проекти и не сака да се посвети на остварување на долгорочни цели, па решава да се откаже кога ќе наиде на првиот проблем. Размислувајќи за големи проекти, луѓето најпрво ги согледуваат евентуалните лоши работи со коишто би се соочиле, па затоа го одолговлекуваат почетокот.

Ако се анализира трудот на исклучително продуктивните луѓе, тогаш си помислуваме дека тие трошат цел ден за да ги завршат своите обврски, но тоа не е баш така. Истражување спроведено со помош на врвни виолинисти покажало дека нивната тајна не е во времето што се поминува во вежбање, туку во квалитетот на вежбањето. Постигнуваат врвни резултати бидејќи сакаат како и кога да се фокусираат, па успеваат тактички да ја распоредат својата енергија.

Друго истражување спроведено врз пилоти кои летаат на најдолгите релации покажува дека идеално е по 90 минути продуктивна работа да се направи пауза од 20 минути. Тоа значи дека е потребно од време на време, фокусот да се тргне на страна, да се направи мала пауза, за да се продолжи понатаму со продуктивна работа.

Фото: Pixabay