Во Сингапур не е потребен пасош, доволни се лицето и очите

28

Жителите на Сингапур од 2022 година нема да имаат потреба од пасоши кога се враќаат дома од друга земја. Наместо тоа, скенер ќе ги спореди нивното лице и ирисот од окото со базата на податоци. Ако скенирањето не успее, тие можат да искористат отпечаток од прст, којшто исто така се наоѓа во базата на податоци.

Од 2017 година на граѓаните и постојаните жители автоматски им е запишана биометријата на лицето и ирисот кога ќе го земат нивниот нов пасош. Според нивните податоци, речиси 70% од граѓаните постари од шест години што имаат пасош имаат впишани и биометриски податоци.

Тестовите на аеродромот Чанги, кои започнаа минатата година, покажаа дека целиот систем работи. Засега, Сингапурците сè уште треба да ги скенираат своите пасоши на влезот на терминалот, но после тоа скоро нема повеќе контакти со вработените во безбедноста.

“Скенирање на ирис и лице се изведува без физички контакт и овозможува посигурни и поефективни проверки на идентитетот“, изјави шефот за развој на службите за имиграција во Сингапур, Мелвин Тианг.

Плановите за воведување на биометриска идентификација започнаа пред три години, а пандемијата на коронавирусот дополнително го забрза спроведувањето.

Фото: Pixabay