Во Софија ќе се гради плоштад со нула штетно влијание на околината

103

Италијанското дизајнерско Studio Fuksas  ги откри дизајните за новиот плоштад Света Недела, кој ќе се наоѓа во центарот на Софија и ќе биде со нула штетно влијание на околината.

Лоциран пред средновековната црква Света Недела, проектот ќе биде  еден вид мост меѓу старите корени и модерниот урбанизам со современ дизајн кој ја покажува историската архитектура на градот. На плоштадот ќе бидат поставени транспарентни соларни панели и систем за собирање на дождовната вода.

Ќе се простира на површина од 34.000 квадратни метри и ќе биде поделен со трамвајска линија на два дела со јавен парк и поплочен плоштад, пишува Inhabitat.

Се очекува изградбата на плоштадот за започне во 2021 година, а да биде завршена во 2023 година.

Фото: Fuksas