Во Србија издадена првата дозвола за хеликоптер – такси

63

helikopter

Директоратот за цивилен сообраќај во Србија го издаде првиот сертификат за извршување јавен превоз со хеликоптери. За ваков вид на сообраќај, за сега е регистрирана само една компанија во оваа земја.

Основачите на компанијата, пилотот Горан Крнета и српско – американскиот бизнисмен Живорад Томиќ, за дозвола чекале три години, додека не ги исполниле строгите услови. Тие сметаат дека нивните услуги ќе ги користат бизнисмени, кои ќе добијат многу на време, јавува РТС.

Цената за овој вид на услуга ќе биде 500 евра за еден час летање.