Во Ватикан нема веќе плаќање со картички

110

vatikan

Фото: Pixabay

Италија ја блокираше употребата на кредитни и дебитни картички во Ватикан поради нетранспарентно работење. Од оваа година туристите за влезници во музеи, сувенири или било што друго ќе мораат да плаќаат во готово.

Извор близок до италијанската централна банка потврди дека е оценето дека Ватикан нема систем за спречување на перење пари, а италијанските медиуми пишуваат дека забраната е воведена затоа што Светата столица не ги исполнила во потполност сите безбедносни мерки што ги пропишува Европската унија со цел спречување на перење пари.

Во изјавата од Ватикан се истакнува дека истекол договорот со банката која обезбедувала електронско плаќање и дека траат разговори со други понудувачи на вакви услуги.

Со цел подобрување на мерките за откривање и спречување на перење пари, Ватикан само пред неколку месеци ангажираше швајцарски експерт.

Продажбата на поштенски марки, сувенири и влезници за ватиканските музеи е најголемиот приход за Ватикан по донациите и инвестициите.