Во вториот квартал отпуштени 2,3 милиони работници на определено време

9

Во вториот квартал оваа година во Европската унија имало 19,2 милиони привремено вработени, што е 2,3 милиони луѓе помалку од претходните три месеци и дури три милиони помалку отколку во последниот квартал минатата година, покажуваат податоците на Еуростат.

Посебно се погодени младите и нивниот удел во тие договори паднал од 46,2%, а на крајот на минатата година бил 42,7%.

Од вкупниот број на луѓе кои во текот на коронакризата останаа без работа, дури 80,5% се оние кои имале договор за работа на определено време.

Оние кои имале скратено работно време, исто така, биле мета на отпуштања и без работа во ЕУ останале 2,8 милиони луѓе, а повеќе од 10% во Ирска, Шпанија, Португалија и Литванија.

Фото: Freepik