Во Загреб отворен “хостел на пруга“

25

hostel na pruga zagreb

На пруга на главната железничка станица во Загреб е отворен првиот железнички хостел, пишува ХРТ.

Станува збор за иновативна туристичка понуда, којашто е поттикната од зголемениот број на странски туристи на кои Загреб им претставува попатна станица кон хрватските плажи.

Трансформирање на таканаречените “коли за спиење“ во статично сместување не е непозната идеја во светот, но локацијата на којашто се наоѓаат овие вагони е иновативна бидејќи се наоѓа во центарот на градот. Железничкиот колосек е добиен под наем од Хрватска железница, по три години поминати во добивање согласност и дозвола.

Кон првиот вагон во Загреб, наскоро би требало да се приклучат уште два, а потоа во план е ширење и во Сплит, Шибеник, Задар, Ријека и Пула.