Водовод и канализација ќе ги отпишува каматите за задоцнето плаќање

25

Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје им дава можност на граѓаните во следните 45 дена да ги платат своите заостанати долгови, редовни и тужени, без камата. Плаќањето може да се изврши на благајната во претпријатието, во целост или со склучување договор на рати.

“Договорите на рати се склучуваат на нотар, а нотарските трошоци се на товар на претпријатието“, рече в.д. директорот на претпријатието, Бојан Василевски.

Сите бесправно приклучени корисници на водоводниот систем ќе да можат бесплатно да се евидентираат или да се легализираат дивите приклучоци. Периодот за легализирање на дивите приклучоци е 45 дена или до крајот на јуни. Граѓаните ќе имаат обврска да приложат документ или некоја друга сметка која ја плаќаат и треба да поднесат барање до претпријатието.

Најмногу бесправно приклучени корисници има во руралните делови, во населбите во околината на Скопје, како Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари.