Воениот извоз на Израел лани достигна 8,3 милијарди долари

22

Воениот извоз на Израел минатата година изнесуваше 8,3 милијарди долари, а поголемиот дел беше наменет за подрачја од Азија и Пацификот.

“Ова е втор историски рекорд, по 2017 година со 9,3 милијарди долари и зголемување за милијарда долари или 15% во споредба со претходната година“, наведува министерството за одбрана на Израел.

Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм го стави Израел на осмо место на извозници на оружје во светот за 2020 година и додаде дека главни купувачи му се Индија, Канада, Виетнам и Азербејџан, којшто во 2020 година имаше голем судир со Ерменија.

Израелското министерство за одбрана информираше дека најважните извозни производи за 2020 година се радарските и системите за рано известување (16%) по што следат испораката на оружје, потоа беспилотни авио системи и дронови (15%).

“Голем успех среде пандемијата е зголемување на воениот извоз“, оцени генералот Јани Кулас од управата за меѓународна координација на министерството за одбрана.

Фото: Pexels