Волкот од Wall Street призна дека погрешил за биткоинот

134

Познатиот инвеститор, брокер и мотиватор Џордан Белфорт, кој беше инспирација за филмот Волкот од Wall Street призна дека погрешил во неговите проценки дека биткоинот ќе исчезне.

За време на неговиот разговор со Fortune, Белфорт призна дека не бил во право за биткоинот кога го предвидел неговиот колапс во ТВ-емисија во 2017 година. Тогаш средството успеа да се приближи до нивото од 20.000 долари.

“Волкот“ беше сигурен дека биткоинот ќе пропадне под притисок на регулаторите. “Тоа беше идеален начин за перење пари“, рече тој во емисијата, што би ги натерало владите да го забранат.

Сепак, мислењето на Белфорт сега е различно.

За Fortune, поранешниот брокер призна дека досега дигиталната паричка има стекнато многу поголем број на поддржувачи, вклучувајќи и многу институционални купувачи.

Тој верува дека благодарение на неговите предности во однос на акциите (ограничени емисии), можно е биткоинот на крајот да достигне ниво од 100.000 долари.

Фото: Facebook