Volkswagen ги награди идеите на своите вработени со 11 милиони евра

15

volkswagen

Вработените на Volkswagen во Германија во првата половина од оваа година дале скоро 35.000 идеи за подобрување на работењето на компанијата, што е 5% повеќе во однос на првото полугодие од минатата година.

До средината на година, низ повеќе производни погони ширум Германија се наградени 15.363 идеи, за кои Volkswagen на своите вработени им исплатил премија од вкупно 11 милиони евра.

Производителот на автомобили на тој начин успева да заштеди повеќе од 56 милиони евра. Пример за тоа се идеите што вработените ги даваат од подрачјето на компонентите. Во леарница во Хановер идејата што ја дале вработените во автомобилскиот гигант ја подобрува енергетската ефикасност за повеќе од еден милион киловатчас енергија. Тоа одговара на годишните потреби за 275 домаќинства и носи заштеда од 633 тони јаглерод диоксид годишно.

“34.973 идеи за подобрување на работните процеси се најдобри показатели за креативност и ангажман на вработените во Volkswagen. Заштедата од 56.001.811 евра јасно покажува дека предлозите на вработените ја унапредуваат нашата компанија кога станува збор за квалитетот, оддржливоста и ефикасноста“, нагласи Пирка Фалкенберг, лидер на одделот на компанијата за управување со идеи, пренесува Пословни дневник.

Членката на работниот совет на Volkswagen, Габриел Тритер, која од јуни е претседателка на одбророт за управување со идеи во автомобилската компанијата вели дека никој подобро не го познава работното окружување и потенцијалите за подобрување на работните процеси од самите вработени.

“Добрите идеи и нивните почетоци придонесуваат за тоа Volkswagen да ја зајакне својата позиција во меѓународната конкуренција и дека нивните работни места во компанијата стануваат уште посигурни“, додава таа.