Volkswagen инвестира една милијарда евра во фабрика во Словачка

34

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen планира да инвестира една милијарда евра во фабриката во Словачка, вклучително и 500 милиони евра за производство на новата генерација на Passat и Ѕkoda Superb, рече претседателот на Volkswagen за Германија Оливер Грунбург.

Инвестициите ќе бидат во проекти поврзани со низа модели кои се произведуваат во Словачка, со што ќе се отворат 2.000 работни места.

Автомобилската индустрија е еден од главните сектори за производство и извоз на Словачка.

На крајот на минатата недела, Ѕkoda објави дека производството на неговиот Superb, модел ќе биде пренесено во Словачка. Superb и Passat имаат иста платформа и голем број исти делови.

Фото: Facebook