Volocopter покажа како ќе изгледа првиот терминал за летечки такси возила

42
VoloPort

Германскиот старт – ап Volocopter го претстави првиот концепт терминал за летечки такси возила во Сингапур.

Наречен е VoloPort и наменет е за идниот урбан изглед на светските метрополи кога летечките автомобили ќе бидат секојдневие.

Неговото електрично, летечко такси Volocopter како и останатите коишто досега јавноста имаше можност да ги види, имаат за цел да ја намалат загаденоста, олеснат и забрзаат сообраќајот.

Последната верзија на 18-роторскиот летечки автомобил собира двајца патници, поминува 35 километри со едно полнење и се движи со брзина од 100 km/h.

Volocopter се прошири во Сингапур во 2018 година и објави планови за изградба на прва станица за летечки такси возила. Концепт терминалот е прикажан како дел од конгресот во светски рамки Intelligent Transport Systems.

Според стартапот станицата е модуларно и може да се изгради на покриви, паркиралишта и железнички станици.

Фото: Volocopter