Волтон на чело на листата на Forbes на 50 најбогати американски семејства

52

Во годинашнaта листа на Forbes за 50-те најбогати семејства во САД, на прво место е семејството Волтон со супермаркетите Walmart. Вкупното богатство на ова семејство изнесува 247 милијарди долари. 

На второ место е семејството Коч, кое управува со хемискиот гигант Koch Industries  и има вкупно богатство во вредност од 100 милијарди долари.  

На трето место е семејството Марс, сопственик на кондиторски производи, вклучително и истоимените чоколади. 

Потоа, на четврто место е семејството Каргил-Макмилан со 47 милијарди долари (управува со компанијата Cargill). По него следува Лаудер, со 40 милијарди долари (сопственик на производство за козметика Estee Lauder).  

Останатите семејства како Њухаус (издаваштво), Прицкар (хотелиерство), Кокс (медиуми) С.К. Џонсон (козметика, средства за хигиена), Е.К. Џонс (менаџмент на капитал), секое поединечно поседува меѓу 30 и 37 милијарди долари богатство. 

Според проценките на Forbes, вкупниот имот на  50-те најбогати семејства во САД изнесува 1,2 билиони долари. 

Фото: Freepik