Ворен Бафет донираше 3,4 милијарди во хуманитарни цели

Познатиот инвеститор од САД Ворен Бафет донираше 3,4 милијарди долари од своето богатство на хуманитарни организации, пишува CNN.

Милијардерот дел од своите акции ги подари на Фондација Бил и Мелинда Гејтс, како и на четири фондации поврзни со фамилијата Бафет под раководство на членови од неговото семејство.

Една од организациите, што се фокусира на образование, е именувана по неговата покојна жена Сузан, додека останатите ги управуваат неговите два сина и ќерката. Заклучно со вчерашната донација, досега инвеститорот има донирано 31 милијарда долари во добротворни цели.

Уште во 2006 година Бафет најави дека сите свои акции од компанијата Berkshire Hathaway ќе бидат донирани постепено.

Бафет моментално вреди 82 милијарди долари и е третиот најбогат човек во светот, веднаш зад Гејтс и Безос.

Фото Facebook