Возачите во оваа земја возат на најскап бензин

136

Еден жител на Хонг Конг за литар бензин треба да одвои две евра, што е највисока цена на ова гориво во светски рамки.

Меѓу петте земји во коишто бензинот чини “мало богатство“ се и: Палестина (1,71 евро), Израел (1,65 евра), Исланд (1,64 евра) и Холандија (1,64 евра).

Од земјите во регионот, најскап бензин плаќаат возачите во Грција (1,60 евра). Потоа, следуваат: Албанија (1,45 евра), Хрватска (1,35 евра), Србија (1,34 евра), Црна Гора (1,32 евра), Словенија (1,31 евро). Поскап бензин од кај нас се точи и во Босна и Херцеговина (1,18 евра) и Бугарија 1,15 евра. Македонија е 44-та во светот, според цените на бензините, бидејќи еден литар кај нас има просечна цена од 1,1 евра.

За “џабе“ се возат возачите во овие земји: Венецуела (0,00 евра), Иран (0,21 евро), Алжир (0,28 евра), Кувајт (0,29 евра) и Саудиска Арабија (0,36 евра).

Фото: Pexels