Воздушно перниче што ги штити колковите

48

pojas

Фото: Youtube

Француската компанија Helite, којашто произведува воздушни перничиња за велосипедисти, мотоциклисти, јавачи на коњи и скијачи, претстави воздушно перниче што ќе ги заштити повозрасните личности ако паднат.

Hip’Air е појас од еден килограм што детектира кога човекот паѓа и го активира воздушното перниче. Во појасот има жироскопи и мерачи на забрзување коишто во рок од 200 милисекунди можат да утврдат дали лицето кое ја носи перницата губи рамнотежа и почнува да паѓа, пишува Engadget.

Кога ќе детектира пад, воздушното перниче се активира во рок од 80 милисекунди со што колкот на корисникот е заштитен пред телото да ја допре земјата.

Воздушното перниче што ги чува колковите чини 790 долари без резервоар за гас, којшто може да се користи само за едно активирање на перничето, а чини 50 долари.